За точно 10 дена на „Вембли“ ќе се игра финалето од Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, следната година домаќин ќе биде стадионот на Баерн во Минхен, а Извршниот комитет на УЕФА денеска во Даблин одлучи најважниот натпревар во клупскииот фудбал, во 2026 година да се одржи на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.
Пред една година на стадионот во главниот град на Унгарија се одигра финалето на Лига Европа во кое Севилја на пенали ја победи Рома.
Одлука за финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2026/2027, беше одложено за септември, до кога Фудбалскиот сојуз на Италија мора да достави документација за реновирањето на „Сан Сиро“ во Милано.
Интересно е што „Бешикташ парк“ во Истанбул ќе биде домаќин на финалето на Лига Европа во 2026 година и на финалето на Конференциската лига во 2027 година.
Финалето на Лига Европа во 2027 година ќе се игра во Франкфурт, а финалето на Конференциската лига во 2026 година во Лајпциг.