Милорад Додик: БиХ го достигна својот крај

dodik.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Босна и Херцеговина го достигна својот крај или попрецизно ѝ ставија крај оние кои и се заколнаа, изјави претседателот на Република Српска Милорад Додик.


„Останува само сите да се потрудиме да бидеме добри соседи и да се разделиме во мир“, рече Додик.

Додик за РТС изјави дека ниту една акција на РС нема да биде насочена кон дестабилизација и насилство, но и дека усвојувањето на резолуцијата ќе биде симболичен крај на мултиетничката Босна и Херцеговина.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека во случај на усвојување на резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации, првиот чекор на Бања Лука ќе биде владина седница во Сребреница, од каде што ќе соопшти дека резолуцијата е неприфатлива, неприменлива и ништовна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK