Три земји денеска ќе го објават официјалното признавање на државата Палестина

unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три земји денеска, како што е најавено, ќе го објават признавањето на палестинската држава, пренесува Гардијан.


Ирска, Шпанија и Норвешка се очекува да ги објават плановите за формално признавање на палестинската држава поради израелските предупредувања дека признавањето „ќе го поттикне екстремизмот и нестабилноста“.

Тројцата лидери на ирската влада – премиерот Сајмон Харис, вицепремиерот Мајкл Мартин и министерот Имон Рајан, претпладнево треба да одржат прес-конференција. Тие претходно посочија дека владата ќе направи чекор кон признавање на палестинската државност до крајот на мај.

Националната јавна радиодифузија РТЕ и Ирш Тајмс објавија дека се очекува одлуката да биде објавена на прес-конференција.

„Гардијан“ пишува дека и шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ќе открие датум за формално признавање, откако минатата недела ја објави својата намера да го стори тоа.

Санчез беше еден од најискрените европски лидери кога се работеше за критикување на израелската офанзива во Газа.

Норвешкиот јавен сервис и дневниот весник Афтенпостен во меѓувреме објавија, повикувајќи се на неименувани извори, дека владата денеска ќе објави дека нордиската земја признава независна палестинска држава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK