Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на фудбалскиот клуб Рома.
Оваа вест ја потврди и претседателот на Ница каде до крајот на сезоната ќе работи на истата позиција.
„Флорен Гизолфи нè напушта, се сели во Рома и ние сме среќни поради него. Поминавме неколку добри месеци заедно, тој е добар човек и тоа многу го цениме. Му посакуваме се најдобро. Тој побара да си замине и ние прифативме“, изјави Жан-Пјер Ривер.
Гизолфи ќе го раскине договорот со Ница и на тој начин ќе и олесни на Рома која нема да мора да го откупи неговиот договор од Ница.
Местото спортски директор на Рома е испразнето откако Тиаго Пинто поднесе оставка на крајот од јануарскиот преоден рок.