Путин: Русија во моментов не планира да го освои Харков

putin.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија во моментов не планира да го окупира Харков, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.


Претседателот на Русија на прес-конференција во кинескиот град Харбин, за време на неговата дводневна посета на Кина, изјави дека руските војници во близина на Харков секојдневно напредуваат, строго според планот, пренесува РИА Новости.

Путин рече дека одговорноста за она што се случува во правец на Харков е на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека Русија е принудена да создаде санитарна безбедносна зона бидејќи украинската армија гранатира станбени делови на Белгород.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK