Деветмесечно момче од Велика Британија се задави од шпагети во градинка: мајката ја предупредила воспитувачката дека не може да јаде цврста храна

ок.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајката на деветмесечното момче од Велика Британија, кое почина откако се задави од храна во градинка, се обидела да го предупреди персоналот дека не може да јаде цврста храна.


Малиот Оливер Стипер почина во болница, шест дена откако се задави од храна во градинка во Кент. Според британските медиуми, работничката во градинка истовремено хранела четири деца со болоњезе тестенини, кога малиот Оливер се задавил.

Оливер имал само два предни заби, поради што дома јадел пасирана храна, пренесува „Sky news“.

Работниците во градинката ги уверувале неговите родители дека цврстата храна може да се испасира пред да му биде дадена и тие претпоставиле дека тоа ќе биде направено затоа што тој „не можел правилно да џвака“, беше кажано на судот.

Неговата мајка пред судот рекла дека има намера да ги потсети вработените во градинката дека цврстата храна не му одговара, пренесува „Sky news“.

Размислувала веднаш да испрати мејл во градинката, но не сакала да биде напорна.

„Во градинка му дадоа овошна салата, јасно беше дека не е пасирана. Реков дека ќе разговарам со вработените следната недела“, изјави мајката во судот.

Подоцна едно утро, таа добила повик од дневниот престој и ѝ кажале дека нејзиниот син учествувал во инцидент и дека се задавил од храна.

Кога пристигнала во градинката, видела болничар како трча со нејзиниот син во раце додека вршел компресија на градите.

Оливер бил пренесен во болница, но скенирањето на мозокот покажало дека нема да преживее, а момчето починало шест дена подоцна.

Полицијата во Кент истражувала што се случило, но не било преземено ништо.

Родителите решиле да го праќаат Оливер во градинка само неклку дена во неделата бидејќи таа била на само 20 минути од нивната куќа и изгледала како семејна градинка.

Судењето продолжува.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK