Шефот на украинската полиција во регионот Харков ја опиша ситуацијата во градот Вовчанск како „исклучително тешка“.
Олексиј Харковски, началникот на полицијата во Вовчанск, на Фејсбук објави дека руските сили воспоставуваат позиции во градот.
Од вчера Русите тврдат дека нивните сили зазеле делови од Вовчанск и пограничното село Бухруватка. Вовчанск е стратешки важен град кој стои на патот на Русите кон Харков, вториот по големина град во Украина.
Вовчанск се наоѓа на околу 5,5 километри од границата на Украина и Русија.
Украинските власти го евакуираат Вовчанск од минатиот петок, кога започна новата руска офанзива на североистокот.