Русите: Соборивме американски ракети над Крим

Screenshot-2024-05-13-231040.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините воздушни сили уништиле 10 американски ракети со долг дострел од типот ATACMS, кои украинската армија ги лансираше во текот на ноќта на Крим.

Министерството не соопшти дали има штета, но гувернерот на кримското пристаниште Севастопол, назначен од Русија, изјавил дека остатоци од проектил паднале на станбена зона. Според првичните информации, никој не е повреден, изјави гувернерот Михаил Развозаев.

Русија илегално го анектираше Крим пред точно 10 години. Неодамна, Москва често тврдеше дека Украина почнала да ги користи ракетите ATAMCS, без притоа да презентира никакви докази.

Вчера, американски официјален претставник изјави дека ATACMS и системите за противвоздушна одбрана одобрени од Џо Бајден на 24 април веќе стигнуваат до украинските сили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK