Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во напад на полициски конвој кој превезувал затвореник во Франција, пренесуваат медиумите во регионот.
Нападот се случил околу 11:00 часот во близина на наплатна рампа во Ере, департман на северот на Франција.
Според француските медиуми, напаѓачите избегале со затвореникот кој бил во конвојот.
Избеганиот затвореник е познат по прекарот „Мува“, а е осуден за кражба и провала.
Нападот, во кој учествувале неколку вооружени мажи, се случил на наплатната рампа на автопатот А154 околу 11 часот, пишуваат медиумите.