Пожар изби вчера во домот на 80-годишен маж од тетовско Теарце.
Човекот се здобил со изгореници и бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.
Екипа од Територијалната противпожарна единица Тетово го изгаснала пожарот.
Извршен е увид, а засега не е позната причината за пожарот.