Тиаго Силва потврди дека ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната. Договорот на бразилскиот фудбалер со „сините“ истекува во јуни.
Во пораката што ја објавија официјалните профили на Челзи на социјалните мрежи, Силва потврди дека на крајот од сезоната го напушта „Стемфорд Бриџ“.
„Челзи ми значи многу. Дојдов во клубот една година, а на крајот испадна дека останав четири“, изјави Силва, а потоа продолжи:
„Моите синови играат во академијата на Челзи, што ме прави неизмерно горд. Се надевам дека ќе остат тука и по моето заминување и ќе станат дел од клуб кој негува победнички менталитет. Мислам дека јас лично го дадов максимумот во овие четири години“.
Дефанзивецот истакна дека и во иднина ќе продолжи да соработува со Челси.
„За жал, како што знаеме, се има почеток, средина и крај. Сепак, се надевам дека ова дефинитивно не е крај за мене со клубот. Би сакал да бидам дел од него и во иднина, но во поинаква улога“, вели меѓу другото бразилскиот ветеран во видеото.
Силва дојде во Челзи во 2020 година од Пари Сен Жермен, а претходно играше за Милан, Флуминенсе, Динамо Москва, Б тимот на Порто, Хувентуде и бразилскиот Футебол.
Four years, countless memories.
A message from Thiago Silva… pic.twitter.com/f2YbB4GMXY
— Chelsea FC (@ChelseaFC) April 29, 2024