Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

ѕф.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според сознанијата на шпанскиот кошаркарски портал „Енцестандо“, неколку гиганти од Евролигата се против идејата Дубаи да се приклучи во елитното натпреварување.


Иако пред неколку месеци беше претставено дека Дубаи дефинитивно ќе биде дел од европското натпреварување, може да дојде до пресврт.

Парите кои тимот би ги донел во Евролигата засега не се доволна причина.

„Енцестандо“ пренесува дека Реал е предводник на клубовите кои се противат на влезот на Дубаи цели седум години.

Наводно на страната на Реал застанале и Фенербахче и Баерн кои не сметаат дека парите треба да бидат пресуден фактор.

Еден од проблемите што би можел да го донесе Дубаи е нарушувањето на пазарот на играчи, бидејќи може да понуди многу повисоки плати од оние што моментално се во Европа.

Таму не се плаќаат даноци, па би било многу полесно да се ангажираат играчи отколку во другите европски земји.

„Енцестандо“ пренесува дека Дубаи наводно веќе им понудил договори на некои од играчите на најдобрите европски тимови со избраниот тренер Светислав Пешиќ.

Шпанците пишуваат и дека датумот кога ќе се гласа за влез на Дубаи се уште не е ни блиску.

Првобитното гласање требаше да се одржи во средината на март, а потоа беше одложено.

Во меѓувреме Дубаи е примен во АБА-лигата и примарната идеја е следната година прво да игра во Еврокупот, па дури потоа да дојде за прием во Евролигата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK