(Видео) Израелска полиција: Тројца повредени во терористички напад во Ерусалим

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три лица се повредени утрово во терористички напад во Ерусалим, извести израелската полиција, пренесува „Јерусалим пост“.



„Утринава околу 08:00 часот е добиена пријава за сообраќајна незгода и повредени тројца пешаци во Ерусалим“, извести полицијата.

Терористите со својот автомобил налетале на пешаците, а потоа излегле од возилото и го впериле оружјето кон пешаците, но потоа побегнале и го фрлиле оружјето што го имале.

Окружниот командант на Ерусалим нареди мобилизација на сите расположливи ресурси, вклучително и специјалните сили, со примарна цел брзо заробување на двајцата терористи кои бегаат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK