Вчера вечер во 21.30 часот во СВР Скопје, 27 – годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг, 29-годишниот С.Б., кој моментално издржувал затворска казна во Казнено – поправна установа Затвор Идризово, извести МВР.
„Според пријавеното, тој со запалива течност и запалил дел од облеката, по што ги земал децата и заминал од домот“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.