20-годишник со „фиат“ удри во жена: со тешки повреди е пренесена во Градската болница

336599424_199052072825862_6965791512593143654_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера попладне, во 14 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од „Симеон Кавракиров“ во Скопје, која води кон паркинг-простор на зграда, патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот В. Р. од Скопје, удрило во 89-годишната Ц. Н. од село Блаце, Скопско, извести МВР.


Во несреќата тешки телесни повреди добила Ц. Н. констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK