Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ денеска изјави дека во новата влада ќе ја извршува функцијата за која се проценува дека најмногу би можел да придонесе за државата и народот.
Тој во гостувањето во Дневник на РТС изјави дека неговата позиција се уште не е одредена, но дека е подготвен да ја изведе онаа за која се проценува дека е најпотребен.
Тој додаде дека „тоа не е прашање само за него“.
Тој најави дека СПС утре најверојатно ќе потпише коалициски договор со Српската напредна партија за заедничко учество на изборите во Белград.