ДУИ: Масовно да ја поддржиме кандидатурата на Бујар Османи

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На полноќ почна изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април. Демократската унија за интеграција во оваа прилика ги повикува политичките партии-учеснички на изборите на 24 април да водат мирна и демократска кампања, заснована на конкретна програма и понуда. Ги повикуваме активистите и граѓаните да се воздржат од можни провокации кои можат да дојдат од различни кругови кои сакаат да ја дестабилизираат државата, и да влеат страв и предизвикаат криза во пресрет на претседателските избори на 24 април, соопшти ДУИ.



Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт, во соопштението наведуваат дека се убедени дека на 24 април кандидатот за претседател, Бујар Османи, исто како и на 8 мај – на парламентарните избори, коалицијата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ ќе извојуваат најубедлива победа забележана досега во Северна Македонија.

Најавија дека програмата и понудата на идниот претседател, Бујар Османи ќе биде претставен од град во град, село по село и врата до врата, за да покажат, како што велат, дека гласот за кандидатот под реден број 4, е глас за европска Македонија и за безбедна и просперитетна иднина на секој граѓанин на државата.

„Со желба за европска кампања, Демократската унија за интеграција ги повикува граѓаните масовно да ја поддржат кандидатурата на Бујар Османи и со ова да го продолжиме евроатлантскиот пат и најбрзото можно членство на Северна Македонија во Европската Унија“, стои во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK