Австриски сајт тврди дека лоцирал една од жените: Од неделата сум во пеколот, на снимките сум јас со ќерка ми, тоа не е Данка

космо.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австрискиот сајт „Космо“ тврди дека ја лоцирал едната од двете жени кои се појавуваат на видеото од Виена со девојче коешто личи на исчезнатата Данка Илиќ.


Жената тврди дека на видеото не е Данка, туку нејзината ќерка, а „Космо“ наведува дека овие најнови информации и ги доставиле на австриската полиција. Жената која наводно го контактирала овој австриски портал ги дала своите приватни фотографии како поткрепа на тие тврдења, пренесува „Блиц“.

На една фотографија се гледа црномуреста жена, за која се вели дека е мајка на девојчето на видеото, како седи покрај дете за кое постои сомневање дека е Данка.

Како што пишува Космо, новинарите преку група на Фејсбук стапиле во контакт со жената А.Ч.С.(36). Според нив, таа е романска државјанка којашто живее и работи во Виена. Таа, како што велат, била нервозна кога дознала што се случува.

„Што да кажам? Од неделата сум во пеколот! Бев во Велс кога во текот на ноќта добив неколку пораки дека на сите социјални мрежи, на телевизиите во Романија и Србија се споделува видео со моја слика и дека ме бараат поради исчезнато дете. Во неделата веднаш отидов во полиција во Велс и побарав помош, но тие ме испратија дома и ме советуваа да се пријавам во полиција во Виена во мојот округ. Вчера отидов во полиција во 21 реон, побарав да ми помогнат и да ме заштитат, да го заштитат моето дете и мајка ми. Само што ме испратија дома. Денеска ситуацијата стана алармантна бидејќи моето лице беше лесно препознатливо во сите медиуми. Бев многу исплашена, не знаев што да правам. Се плашев дека ќе останам без работа“, изјавила жената за „Космо“.

Разговорот со неа, пишува „Космо“, бил емотивен и тежок бидејќи била во шок. Размислува само, велат, што можеше да се случи доколку ја препознаеа на улица и повикаа полиција.

„Тоа низ што поминувам е страшно! Никој на светот не може да разбере каков кошмар е ова! Јас сум мајка, сочувствувам со детето од Србија и би сакала да го најдат. Но, она што го поминувам со мајка ми е исто толку страшно! Сега ми дојде полиција дома, им кажав се и на крајот ми се извинија за маките што ги претрпев. Ме замолија утре да дојдам кај нив да го потпишам протоколот. Сакам само оваа приказна да остане зад мене и да се обидам да ја заборавам“, потенцира жената за „Космо“.

анка Илиќ исчезна на 26 март во близина на Бањско Поље во Бор, а потрагата по неа трае оттогаш. По неа е распишана потерница од Интерпол, а поради нејзиното исчезнување за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK