Фенербахче остана во шампионската трка со Галатасарај, откако ја победи Адана во натпреварот од 31. коло од Суперлигата со 4:2. Натпреварот го одбележа лудиот гол на Душан Тадиќ од речиси половина терен.
При резултат 2:1 во 70. минута Тадиќ на половина од теренот му ја одзеде топката на противникот, забележа дека голманот е далеку од голот упати директен удар кој заврши во мрежата.
Ова е осми гол сезонава за српскиот интернационалец.
Пред тоа гол за Фенербахче постигна и Един Џеко.
По оваа победа, Фенербахче остана на второто место на табелата, со два бода помалку од лидерот Галатасарај.
Tadic scored from midfieldpic.twitter.com/lkrXTactjc
— FootColic ⚽️ (@FootColic) April 3, 2024