Изречени казни, во Трабзон бесни на сојузот: Ти е*ам правдата

tranzonspor-tepachka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалскиот клуб Трабзонспор следните шест натпревари ќе ги игра како домаќин пред празни трибини поради конфликтите кои избија по натпреварот со Фенербахче, соопшти Фудбалскиот сојуз на Турција.

На 17 март голем број навивачи упаднаа на теренот по натпреварот кој Трабзонспор го загуби со 2:3 на домашен терен, додека играчите на Фенербахче славеа победа. Навивачите на домашниот тим ги нападнаа играчите и тренерот на клубот од Истанбул.

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција, покрај затворањето на стадионот, го казни и Трабзонспор со 90.000 евра.

Претставниците на тој клуб се огласија на социјалните мрежи каде го изразија своето незадоволство.

„Ти ја е*ам правдата, отстапете од позициите, поднесете оставки“, пишува на профилот на Трабзонспор на социјалната мрежа „Х“.

Исто така, парично се казнети двајца играчи на Фенербахче, холандскиот дефанзивец Јаден Остерволде и голманот Ирфан Џан Егрибаит. Тие се суспендирани на по еден натпревар и казнети неколку стотици евра поради учество во тепачката.

За разлика од двајцата, нигерискиот фудбалер Брајт Осеи-Самуел не беше казнет, ​​иако беше повикан пред Дисциплинската комисија.

Челниците на Фенербахче најавија повлекување од лигата, но потоа беше донесена одлука тоа да не се направи.

Тепачката во Трабзон предизвика бурни реакции во Турција, три месеци откако претседателот на клубот Анкарагучу нападна судија по натпреварот.

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, го осуди насилството како „апсолутно неприфатливо“.

По тепачката уапсени се 13 приврзаници на Трабзонспор, од кои пет се во истражен затвор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK