Зеленски ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години

vojnici-ukraina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша нацрт-закон со кој се предвидува намалување на возраста за воена мобилизација од 27 на 25 години, додека на вооружените сили им недостигаат луѓе за да се спротивстават на руската инвазија. Тој предлог-закон, кој беше изгласан пред една година во украинската Рада и се чекаше на потпис на претседателот, ќе стапи на сила во среда, се наведува на веб-страницата на парламентот.


Украинската влада потоа мора да ги усогласи различните регулаторни текстови со новата возраст за мобилизација во рок од шест месеци. Украинската армија претрпе загуби, чиј обем се чува во тајност, а денес, за разлика од почетокот на конфликтот, се бори да најде доброволци за фронтот.

Володимир Зеленски изјави во декември 2023 година дека армијата му понудила мобилизација на до 500.000 дополнителни луѓе, број што новиот врховен командант на украинската армија, Олександр Сирскиј, оттогаш го намалил. Сегашниот систем на регрутирање многу Украинци го сметаат за нефер, неефикасен и често корумпиран, а има и барања за демобилизација на оние кои долго време се на фронтот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK