Барселона ќе го заштити Кубарси со клаузула од една милијарда евра

2038693961.0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Барселона му понуди нов договор на суперталентираниот стопер Пау Кубарси (17), објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според податоците на „Трансфермаркт“, Кубарси моментално има договор со важност до 2026 година, но Каталонците сакаат да го врзат на подолг период и да му понудат поголема плата, но и да се заштитат од останатите клубови бидејќи моменталната откупна клаузула во договорт на младиот фудбалер изнесува 10 милиони евра.


Исто така, новиот договор вклучува откупна клаузула од една милијарда евра, што веќе не е ретка практика во фудбалот.

Барселона се надева дека ќе ги заврши преговорите со Шпанецот, кој се уште нема 18 години, а кој дебитираше за шпанската репрезентација на крајот на март во поразот од Колумбија (0:1) и ремито со Бразил (3:3). На тие натпревари одигра вкупно 16 минути.

Во тимот на тренерот Чави Ернандез тој од крајот на јануари стана стандарден првотимец и досега собра 13 настапи во сите натпреварувања. „Трансфермаркт“, веб-страница специјализирана за вредноста на фудбалерите, го проценува на 25 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK