Дани Алвеш на ново судење

WNOLJ5LXVZI4VIIYDATCFCDKDA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Само што излезе од затвор каде отслужи дел од казната за силување, а дел плати, Дани Алвеш се соочува со нови обвиненија.

Во наредните недели, според шпанските медиуми, тој ќе мора да се појави на суд во Бразил под обвинение за плагијат.

Композиторите Џулијано Матеус и Тиаго Матеус поднесоа тужба поради песна што Алвеш ја објави пред неколку години.

Песната се вика „Авиао“ и е дел од проектот на Обединетите нации и е создадена како форма на борба против дезинформациите за време на пандемијата со вирусот Ковид 19.

Џулијано Матеус тврди дека Алвеш го поканил да му биде гостин во Европа во 2016 година, со оглед на тоа дека овој сакал да заплови во музичките води. Неколку месеци подоцна, Матеус, како што вели, му ја компонирал песната „Aвиао“, која Алвеш му ја посветил на својот починат дедо.

Тоа е верзијата на приказната што Матеус ја кажа пред судот.

Алвеш направил некои промени во песната, но таа е автентично на Матуес, како што тврди тој.

Сепак, одбраната на фудбалерот е одлучна дека не станува збор за плагијат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK