Денеска во 3 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во објект (барака) со инкубатори за пилиња во тетовско Камењане, сопственост на 32-годишниот С.Р. од ова село, извести СВР Тетово.
„Нема повредени лица, а во пожарот, според пријавеното, угинале околу 4000 пилиња. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран“, соопшти СВР Тетово.
Во текот на денот ќе се врши увид.