Во нива во Велешко, под превртен трактор пронајден мртов маж, телото е дадено на обдукција

prevrnuti_traktor.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера во 14.45 часот во СВР Велес од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во нива во атар на село Сујаклари, велешко, констатирале смрт кај 73-годишниот А.К. од село Сујаклари, велешко, извести МВР.

Според пријавеното, во нивата имало превртен трактор, а телото на А.К. било под него, велат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK