Медведев: Терористите го разбираат само одмазднички терор, на сила се одговара со сила, смрт за смрт

Медведев-испрати-порака-до-јапонските-власти-„Самураи-извршете-харакири.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска во врска со терористичкиот напад во концертната сала Крокус изјави дека терористите разбираат само одмазднички терор и дека на сила треба да се одговори со сила.


„Терористите разбираат само одмазднички терор. Никакви судења или истраги нема да помогнат ако на сила не се спротивстави со сила, а смртта со тотални егзекуции на терористите и репресија на нивните семејства. Светско искуство“, напиша Медведев на каналот на Телеграм.

Според него, доколку се утврди дека се терористи на режимот во Киев, невозможно е поинаку да се постапува кон нив и со нивните идеолошки инспиратори.

„Сите тие мора да бидат пронајдени и безмилосно уништени како терористи. Вклучувајќи ги и функционерите на државата што изврши такво злосторство“, рече Медведев.

Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите во вечерашниот терористички напад, во кој, според Федералната служба за безбедност (ФСБ), загинаа 40 лица, а повеќе од 100 беа повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK