Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе остане дел од општина Бутел.
Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата Јадранска магистрала, поточно објектите во околината на фирмата – Виндија во населба Визбегово, во општина Бутел, ќе останат без струја.