Денеска во 00.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 40-годишниот П.К. од Битола, извести МВР.
„Тој се сомничи дека на 18.03.2024 околу 23.35 часот со трактор оштетил влезна врата на казино во Битола, како и неколку столбчиња пред влезот на казиното“, соопшти МВР.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.