Захарова: Макрон да ја прекине испораката на оружје за Киев

Макрон-Французи-борeте-се-против-антисемитизмот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот претседател Еману“ел Макрон треба да ја прекине испораката на оружје за Киев и да претстави предлог за примирје на страните во конфликтот на Блискиот Исток, изјави за „ТАСС портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја иницијативата на францускиот претседател за воспоставување прекин на огнот во Украина за време на Летните олимписки игри во јули.


„Предлог до Макрон: да престане да се снабдува со оружје што се користи за убивање цивили, како и да престане да го спонзорира тероризмот. Уште еден предлог до Макрон: да се претстави сличен предлог на страните во конфликтот на Блискиот Исток. Веројатно многу зависи од зборот на Франција“, коментира Захарова.

Во интервју со украински новинар во саботата, Макрон рече дека од Русија ќе биде побарано да го почитува примирјето во Украина за време на Олимпијадата, пренесува Ројтерс.

„Тие (Русите) мора да го направат ова“, истакна францускиот претседател.

Тој додаде дека Франција, како домаќин на Олимписките игри, ги следи одлуките на Олимпискиот комитет и дека соодветно на тоа, Париз ќе бара привремен прекин на огнот од Москва и дека најголемото спортско натпреварување во светот е порака за мир.

Меѓународниот олимписки комитет ја осуди руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, тврдејќи дека руската влада го прекршила Олимпиското примирје, кое има за цел да ја искористи моќта на спортот за промовирање на мирот и дијалогот.

Претседателот на Рускиот олимписки комитет (РОК), Станислав Подзњаков, во четвртокот објави дека РОК нема да ги бојкотира годинешните Олимписки игри во Париз, и покрај ограничувањата за спортистите наметнати од Олимпискиот комитет.

Градоначалничката на Париз, Ана Илдаго, во средата изјави за Ројтерс дека би сакала руските и белоруските спортисти да не се појавуваат на Игрите.

На спортистите од овие две земји прво им беше целосно забрането учество на Олимписките игри, а потоа на поединечни спортисти им беше дозволено да се натпреваруваат без да ги користат знамињата и химните на нивните земји, под услов на кој било начин да не изразат поддршка за инвазијата на Украина.

Овогодинешните Олимписки игри ќе почнат во Париз на 26 јули, а свеченото затворање ќе се одржи на 11 август.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK