Вчера Кубанците организираа улични протести, што е реткост во таа земја, поради недостиг од храна и струја, откако некои делови од островот беа без струја и до 14 часа на ден.
„Луѓето извикуваа: „храна и струја“, изјави анонимно за AFP анонимно 65-годишен жител на вториот по големина град на островот Сантијаго де Куба, кој се наоѓа на 800 километри источно од главниот град Хавана.
Струјата беше вратена во градот подоцна во текот на денот и пристигнаа „два камиони ориз“, рече сведокот. Социјалните мрежи се преполни со фотографии од протести во градот Сантијаго де Куба, каде живеат 510.000 луѓе. Објавени се и фотографии од протестите во Бајам, уште еден голем град.
Од почетокот на март, во Куба има чести прекини на струја поради одржување на термоцентралата Антонио Гитерас, која е најголема на островот.
На почетокот на овој месец, владата ја зголеми цената на горивото за повеќе од 400 отсто како дел од својот план за економско закрепнување. Земјата со 11 милиони жители ја доживува најтешката економска криза од распадот на источниот блок во 1990-тите.