Петровска со штипјани на одбележувањето на четвртата годишнина од членството во НАТО

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на Отворениот ден на Армијата во Штип заедно со штипјани ја одбележа 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од формирање на Алијансата.



Во изјава за новинарите министерката порача дека со членството во НАТО Северна Македонија е безбедна и сигурна земја, нашиот глас е слушнат, а нашиот придонес кон уште посилна колективна безбедност е почитуван и ценет.

„Армијата е во НАТО, но и НАТО стандардите се во Армијата. Минуваме низ сеопфатен процес на модернизација и опремување, но не забораваме дека подеднакво важна е инвестицијата во човечкиот капитал. Направивме голем исчекор и за припадниците на Армијата и за вработените во одбраната. Нивниот труд и местото во безбедносниот систем е валоризиран и ценет“, рече министерката.

Петровска порача дека настанот е уште една можност граѓаните да бидат поблиску до припадниците на Армијата, затоа што токму тие се оние кои ја гарантираат нивната безбедност и сигурност.

На отворениот ден голем број штипјани имаа можност да ја проследат музичката програма изведена од Воениот оркестар и одблиску да се запознаат со опремата, дел од вооружувањето, возилата на Армијата, меѓу кои и новиот JLTV оклопни возила, како и да ги видат вештините на припадниците на баталјонот на специјални сили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK