(Видео) Николова: Силјановска се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ

nikolova-pratenichka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Изборот на претстојните избори е помеѓу борбата за иднината со СДСМ и заглавување со ДПМНЕ, помеѓу надеж и откажување, изјави на прес-конференција пратеничката од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, Даниела Николова.


Таа вели дека глас за СДСМ и Стево Пендаровски е глас за Македонија како рамноправна и просперитетна членка на ЕУ, додека изборот на ДПМНЕ и Силјановска значи изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре.

„Кандидатката на опозициската партија, Гордана Силјановска се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ. Во македонското Собрание во изминатите четири години застана зад активната блокада, со којашто се попречувааа пакетите помош за граѓаните, антиктизните мерки, но се блокираше и европската иднина на државата. Застанувањето зад политиките на изолација и безнадежност како главна карактеристика на партијата од Белата палата е сериозен товар за Силјановска. Токму затоа, на сите им е јасно дека глас за Силјановска е глас за враќање назад, глас за оддалечување на државата од Европската Унија“, рече Николова.

Вели дека со Мицкоски и Силјановска државата ќе изгуби уште една деценија заглавена на патот кон Брисел, а за тоа ќе ја обвинуваат потоа Европската Унија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK