„Ако еден фудбалски тим загуби, не значи дека треба да се откаже од фудбал“, ја искоментира Ковачевски изјавата на Бектеши дека тој што ќе ги загуби изборите треба да се повлече од политика

kovacevski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во СДСМ тече постапката согласно правилникот за кандидирање на кандидати за парламентарни избори, според она што е усвоено на Централниот одбор, и носителите и кандидатите за пратеници ќе бидат познати на јавноста преку одржување на Конгрес, на почетокот на последната недела од овој месец, информираше лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Носители ќе бидат искусни партиски кадри и членови, коишто и во минатото извршувале високи позиции во партијата и во државата. Сметам дека тоа ќе се однесува и на кандидатите за пратеници во сите изборни единици, но не би сакал сега да шпекулирам пред да се носат одлуките на Централниот и Извршниот одбор, рече Ковачевски.

Во однос на законот за игрите на среќа, претседателот на СДСМ кажа дека сите негови изјави се јавно достапни и објасни дека при второто гласање тој закон доби 51 глас, а тоа е недоволно согласно со нашиот Устав, бидејќи при суспезивно вето треба да има 61 глас, а во однос на гласањето, Ковачевски ги упати новинарите кон пратениците и сите партии кои учествуваат во Парламентот.

„Не сугерирам како да гласаат пратениците, тие имаат суверено право како треба да гласа во однос на интересите на граѓаните и ставот што тие го застапуваат во нивно име во Парламентот“, рече Ковачевски.

За коментарот на Крешник Бектеши дека тој што ќе ги изгуби изборите треба да се повлече од политиката, Ковачевски кажа дека тоа е исто како кога еден фудбалски тим ќе загуби натпревар, па треба сите тие фудбалери да не се занимаваат со фудбал.

„Јас сум во СДСМ од 1994, и од тогаш СДСМ победувал на избори и имал помалку успешни резултати. Ако фудбалски тим изгуби натпревар, тогаш треба сите тие фудбалери и тренери никогаш веќе да не се занимаваат со фудбал. Политичарите се занимаваат со политика, тие нудат решенија, граѓаните проценуваат што е во нивни интерес, поддржуваат една или друга политичка партија, често пати и независни кандидати“, одговори Ковачевски на новинарското прашање дали ако изгуби ќе се повлече од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK