Законот јасно укажува дека мора да има врзан потпис, рече Џафери за поништените наредби на Тошковски

toskovski-interventna-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Законот јасно укажува дека е потребен врзан потпис, изјави техничкиот премиер, Талат Џафери, откога Владата вчера на седница поништи пет наредби на министерот Панче Тошковски.


„Формално ако нема врзан потпис се поништуваат. После постапката кога ќе потврди нешто друго се преземаат соодветни одговори и постапи согласно процедурата. Сега засега се такви процедурите“, изјави Џафери, по увидот на активностите за обнова на автопакста делница Катланово-Петровец.

Министерот за внатрешни работи Тошковски, претходно објави дека вчерашната одлука на Владата, со која се поништени пет наредби донесени од негова страна, е скандалозна и спротивна на законите.

„Една од петте поништени наредби се однесува на работник во Министерството за внатрешни работи, кој се упатува да извршува работни задачи во управните служби во Ново Село, каде што се соочуваме со кадровски дефицит во делот на издавањето лични документи, а со ваквата одлука на Владата практично се доведува во прашање функционирањето на оваа организациска единица, односно издавањето лични документи на граѓаните на оваа општина.

Другите четири наредби се однесуваат на советници од мојот кабинет, со кои им се даваат конкретни насоки за постапување, а со нивното поништување исто така се влијае на работата на Министерството на највисоко ниво, кое во претстојниот период треба да биде гарант за спроведување мирен и демократски изборен процес“, напиша Тошковски на социјалните мрежи.

Владата на вчерашната седница, како второстепен орган, прогласи за ништовни пет наредби за кадровски прераспоредувања и распоредувања во подрачни сектори на МВР и во Бирото за јавна безбедност донесени од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски бидејќи биле со едностран потпис.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK