Вчера (4 март) околу 9 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот А.П. од Босна и Херцеговина.
Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ во џамијата во гостиварско Чегране, од каде одзел пари.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.