Дваесет и тригодишен државјанин на Турција со повреда од остар предмет бил примен во гостиварската болница.
Според пријавеното, тој се здобил со повредата во станот во кој времено престојува во Гостивар со двајца негови сонародници Е.Н.(20) и Т.Н.Е.(21).
Како што е пријавено, при игра тој загубил рамнотежа и за да не падне се фатил за работната маса на која имало остар предмет.
Се расчистува и документира случајот, велат од СВР Тетово.