Луѓето панично бегаа – земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Киргистан

zemjotres-kirgistan.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Киргистан, соопшти денеска Институтот за сеизмологија во Алмати, пренесува „РИА Новости“.


Според Институтот, епицентарот на земјотресот бил во регионот Исик-Кул, 35 километри северно од градот Чолпон-Ата и 190 километри од Бишкек, главниот град на Киргистан.

Според прелиминарните податоци на Министерството за вонредни ситуации на Киргистан, нема жртви.

Земјотресот бил почувствуван и на местата најблиску до епицентарот, вклучително и во главниот град на Казахстан, Алмати, каде што бил со јачина од 4,5 степени.

Ројтерс јавува дека десетици жители на Алмати во страв истрчале од своите домови и други згради и дека се огласиле сирените.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK