Пукање во двор на куќа во Калифорнија: Најмалку 4 лица убиени, непознати мажи пукале во група луѓе

policija-amerika.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку четири лица загинаа, а неколку други се ранети во престрелка во американскиот град Кинг Сити, Калифорнија, соопштија властите.

Надлежните органи соопштија дека пукањето се случило синоќа, по забава во двор од куќа, при што тројца мажи починале на лице место, додека една жена била пренесена во болница, но таму била констатирана смрт.

Полициската управа на Кинг Сити соопшти дека тројца повредени мажи биле пренесени во болница, пренесува Ројтерс.

Полицијата соопшти дека тројца непознати лица излегле од возилото и пукале во група луѓе во дворот од куќата.
Истрагата е во тек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK