Силјановска-Давкова: Народот легитимира, народот и делегитимира, бескрајно благодарам за легитимацијата

57272211_857649877919668_167232767942197248_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеничката и професорка, Гордана Силјановска-Давкова, изрази благодарност за поддршката за потписите кои денес беа собрани од граѓаните за нејзината кандидатура.


„Мислам дека е во прашање човечки и граѓански пркос, меѓутоа уште повеќе надеж дека пред нас се големи промени. Мислам дека е тоа знак за длабоки реформи. Уште еднаш се докажа дека овој народ не заслужува ваква власт. Народот легитимира, народот делегитимира. Јас сум му бескрајно благодарна за легитимацијата“, порача Силјановска.

ВМРО-ДПМНЕ вчера на Конгрес ја официјализираше поддршката за Силјановска-Давкова, по што таа денес собра над 10.000 граѓански потписи за кандидатурата за претседателка на државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK