Ковачевски: Патот до Европа е тежок но тој е единствениот што може да донесе суштински позитивни промени

thumbnail_27-ми-Конгрес-на-СДСМ-9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иако патот до Европа е долг и тежок, тој е единствениот што може да донесе суштински промени во нашата земја и нејзината иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, а 27 Конгрес на партијата кој денеска се одржува во Скопје.


Европа значи солидарност и еднаквост, значи развој и напредок, значи демократија и мир. Затоа, нема откажување, борбата за подобра, европска иднина продолжува. Тоа е нашата политичка битка која мора да ја добиеме, и ќе ја добиеме, рече Ковачевски.

ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени, тие се против ЕУ, она што го нуди опозицијата, е граѓаните да се откажат од иднината, додаде тој.

-ВМРО-ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени. Особено што единствената надеж за сигурна иднина на Македонија е членството во ЕУ – а тие се против тоа. Тие прокламираат загрозување на државата, излегување од стабилноста и процесите, и состојба на континуирана криза. Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат. Доволно е да се погледне што се случи во Скопје и во општините. ВМРО-ДПМНЕ не донесе никаква позитивна промена, нема ништо подобро, нема проекти, нема јавен превоз, нема ништо добро, само катастрофа. Тоа е пример што значи ДПМНЕ кога ќе добие власт, рече Ковачевски.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат.

-На претстојните претседателски и парламентарни избори имаме само една шанса да го избереме правецот на државата. СДСМ е единствената која нуди реална надеж за подобро утре, за сигурна европска иднина, рече вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK