Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата, го гледаше Никола Јокиќ како ги уништува Лос Анџелес Лејкерс, а моментот по мечот ќе замине во историјата.
Денвер ги совлада Лејкерси со 124:110, а Ѓоковиќ и Владе Дивац будно следеа од првиот ред.
По натпреварот следеше нивната долгоочекувана средба.
Serbian Legends 🇷🇸
Novak Djokovic 🤝 Nikola Jokic #NBACelebRow pic.twitter.com/36ayKKGATe
— NBA (@NBA) March 3, 2024
Новак даваше интервју, а потоа Никола Јокиќ тргна кон него. Кога Новак го забележа, го прекина интервјуто.
Тој им се заблагодари на новинарите, па веднаш се сврте кон сонародникот да се прегрне и поздрави.
„Каде си брате мој…“, беа првите зборови на Новак, кој не ја симна насмевката од лицето.
Ѓоковиќ од 6 март ќе игра на Мастерсот во Индијан Велс, поради што моментално се наоѓа на подготовки во Америка.