Еден маж е приведен во Јужна Калифорнија во врска со пукањето во стоматолошка ординација во кое најмалку три лица се повредени, соопшти полицијата.
Престрелката се случила во градот Ел Кахон, на околу 24 километри североисточно од центарот на Сан Диего, пренесува АП.
Полицијата го идентификуваше осомничениот како 29-годишник со иницијали М.А,, а тој беше приведен неколку часа откако побегна од местото на настанот.