(Видео) Милан победи во Рим, Лацио со осум играчи го заврши натпреварот

Фудбалерите на Милан го совладаа Лацио во Рим со 1:0 во 27. коло од италијанската Серија А. „Росонерите“, во нервозен натпревар, тешко стигнаа до триумфот во главниот град на Италија. Тоа го направија дури откако Лацио остана со играч помалку во 57.минута, кога Лука Пелегрини го доби вториот жолт картон. И со играч помалку „бјанкочелестите“ успешно се бране половина час, …

Continue Reading

(Видео) Нов кикс на Баерн, одбраната на титулата стана невозможна мисија

Фудбалерите на Фрајбург ремизираа 2:2 на домашен терен со Баерн во првиот натпревар од 24. коло од германската Бундес лига. Со овој кикс Баерн дополнително се оддалечи од борбата за шампионската трка со Баер Леверкузен. Доколку Баер в недела победи во Келн ќе стекне двоцифрена предност и ќе биде многу блиску до освојување на титулата. Домашните поведоа во 12. минута …

Continue Reading

Ќерката на Навални: „Ти го даде животот за мене“

Даша Навални, ќерката на починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, се прости од својот татко на Инстаграм. Таа на денот на погребот објави постара фотографија на која се насмеани и гушнати. „Секој обично вели дека нивните родители се нивниот пример. Во мојот случај, тоа е вистина. Тато, ти беше пример за многумина во светот. Твојот оптимизам и заразна, искрена насмевка. …

Continue Reading

Израел ги прекинува преговорите за примирје додека Хамас не испорача список на заложници кои се живи

Израел им порача на посредниците Египет и Катар дека нема да ги продолжи преговорите за прекин на огнот додека Хамас не му испрати список на израелски заложници кои останаа живи во Газа, пренесува израелскиот портал „Вала“, повикувајќи се на висок израелски функционер. Официјалниот претставник рече дека Израел, исто така, бара „сериозен одговор“ од Хамас за бројот на палестински затвореници што …

Continue Reading

Ковачевски од Рим: Со СДСМ, членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Рим, Италија, присуствиваше и се обрати на заедничкиот настан на Италијанската социјалистичка партија и Италијанската демократска партија во соработка со Европскиот форум за деморактија и солидарност и ЦИЕ Мрежата за родови прашања. На настанот каде присуствуваа и Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка и прв заменик …

Continue Reading

Американскиот секретар за одбрана: НАТО ќе биде вовлечен во војна со Русија, ако Украина загуби

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин предупреди дека НАТО ќе биде вовлечен во војна, доколку Украина биде поразена од инвазијата на руските сили, пренесува „Newsweek“. Говорејќи на сослушувањето на Комитетот за вооружени служби на Претставничкиот дом, за да разговара за неговото неодамнешно отсуство додека беше хоспитализиран поради компликации од операцијата на рак на простата, Остин предвиде дека рускиот претседател Владимир …

Continue Reading

Левица: Имаме претседателски кандидат, Ванковска собра 10 илјади потписи

Политичката партија Левица соопшти дека нивната кандидатка Билјана Ванковска го собрала потребниот број на потписи за кандидатурата за претседател на Македонија. „Професорката Билјана Ванковска ќе биде Претседателка на Република Македонија. Ви благодариме за поддршката од над 10 000 потписи, за оваа наша заедничка борба“, велат од Левица.

Continue Reading

Пукање во Лондон: има повредени

Три лица се повредени при пукање во Клафам, јужен Лондон, пред паб, соопшти службата за итна помош, пишува „Дејли Мејл“. Полицијата веднаш почнала да трага по напаѓачот. Се претпоставува дека напаѓачот пукал од сачмарка, од мотор и веднаш побегнал од местото. Две лица се повредени од огнено оружје, а третото лице е повредено кога напаѓачот налетал со мопед. Итната помош …

Continue Reading

Битката допрва почнува, потписите се собрани, објави Јакимовски

Претседателот на „ГРОМ“ Стевчо Јакимовски објави на Фејсбук дека ги собрал потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура. „Потписите се собрани, битката допрва почнува. Кога не сум фаворит обично сум најсилен а првата цел е влез во вториот круг“, пишува Јакимовски. Македонија, како што вели, заслужува искусен политичар кој знае како да го врати значењето на функцијата Претседател на Македонија. „На …

Continue Reading