(Видео) Телото на Навални пристигна во црква, насобраните го скандираат неговото име, Кремљ се закани

Видео-Телото-на-Навални-пристигна-во-црква-насобраните-го-скандираат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Погребната кола со телото на Алексеј Навални пристигна во црквата во Марина, место на периферијата на Москва.

Комеморацијата требаше да започне во 12 часот по македонско време.

Снимката споделена од тимот на Алексеј Навални покажува голема толпа луѓе која го скандира неговото име и ракоплеска додека погребната кола пристигнува пред црквата.

Во околината на црквата се присутни бројни полициски сили.

Кремљ: Неодобрените собири претставуваат прекршување на законот

Кремљ вели дека секој неодобрен собир за Алексеј Навални, кој беше жесток критичар на Владимир Путин, би бил кршење на законот.

Портпаролот Дмитриј Песков пред новинарите изјави дека нема да дава никаква оценка за Навални како политичка личност и дека нема што да им каже на неговите роднини.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK