Адвокатот на Навални приведен во Москва

Адвокатот-на-Навални-приведен-во-Москва.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Василиј Дубков, адвокатот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари, е приведен  во Москва, јавуваат медиумите.


Тој наводно бил уапсен поради „нарушување на јавниот ред и мир“, пренесува Новаја Газета.

По смртта на Навални, Дубков ја придружувал мајка си Људмила до Салехард, каде било пренесено телото на рускиот политичар.

Навални почина на 16 февруари, а телото  и беше предадено на неговата мајка.

Датумот на погребот ќе биде одреден подоцна.

Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна, меѓу другото, за, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, за основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности, а беше познат и како остар критичар на Кремљ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK