Американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека „огромното мнозинство Палестинци не се Хамас“ и дека „Хамас не го претставува палестинскиот народ“.
„Всушност, тие страдаат и од тероризмот на Хамас. Треба да бидеме јасни за оваа реалност“, напиша Бајден на социјалната мрежа „Икс“.
Палестинската милитантна група Хамас, која има моќ во Газа, го нападна јужниот дел на Израел на 7 октомври, убивајќи околу 1.200 луѓе и зеде околу 240 заложници.
Израел потоа започна напади врз Газа, во кои, според палестинските власти, загинаа десетици илјади луѓе, пренесува Танјуг.
Израел најави дека ќе продолжи да се бори додека Хамас не биде поразен.