Кривична против неколкумина од Тетовско за насилство: двајца повредени со нож, бил репетиран и пиштол

Кривична-против-неколкумина-од-Тетовско-за-насилство-двајца-повредени-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 68-годишниот А.Р. од село Горно Седларце, 32-годишниот А.Р., 38-годишниот С.Р., 49-годишниот Р.Р., сите од село Радиовце, тетовско, 38-годишниот Л.М. и 24-годишниот И.М., двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, извести МВР.


„На 04.08.2023, по претходна расправија во угостителски објект во с.Волковија, општина Брвеница помеѓу првопријавениот и Ф.М., која била ангажирана на семејна веселба, И.М. заедно со Ф.М., која е негова вереница, се упатиле во с.Радиовце, каде биле пресретнати од останатите пријавени. Притоа, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, во која А.Р. со нож нанел повреди на Л.М. и Ф.М, а третопријавениот репетирал пиштол кон И.М. и Л.М.“, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK