35-годишен маж, за кој се вели дека е од Велика Британија, нападнал стјуард на летот од Тајланд за Британија, откако го „скршил“ тоалетот на летот на „Тај ервејс“.
Како што пренесуваат локалните медиуми, на шокантното видео снимено од еден од патниците, може да се види како маж бесно ги удира со тупаници и ги турка другите во авионот од себе, по што го удира стјуардот, кој паѓа на подот.
Другите патници и екипажот на релација Бангкок-Хитроу потоа се обиделе да интервенираат. Меѓутоа, ситуацијата ескалирала, завршувајќи со тоа што 35-годишниот маж, чие име сè уште не е објавено, бил уапсен при слетувањето во Лондон, соопшти полицијата.
„Беше во тоалетот и почна да вреска и да вика. Почна да ја крши вратата. Еден постар дечко се обидел да го извлече. Изби тепачка и тој на крајот го удри стјуардот. Мислам дека го скрши носот“, изјавила патничка која го снимила инцидентот.
Таа рече дека уште повеќе патници се вклучиле по ударот, додека на патниците им било кажано дека летот можеби ќе треба да се пренасочи кон Дубаи, но доколку не ескалира нов инцидент, тие би можеле да продолжат кон Лондон, додаде таа.
„Моравме да го трпиме неговото викање. Ги навредуваше сите. Беше груб. Луѓето ги менуваа седиштата и ги префрлаа децата на задниот дел од авионот. По слетувањето, полицијата влезе и го извлече“, додава очевидец.
Метрополитен полицијата потврди дека полицајците одговориле на извештајот за напад на авион кој доаѓа од Бангкок.
„Авионот го пресретнавме по пристигнувањето и уапсен е 35-годишен маж поради сомнение дека нанел тешка телесна повреда и го загрозил леталото. Тој останува во притвор. Уште еден маж е пренесен во болница. Тој е надвор од животна опасност“, соопштија од полицијата.