Ники Хејли го нападна Трамп поради смртта на Навални: Тој е на страната на Путин

Ники Хејли, кандидат за републиканска номинација за претседателските избори, денеска го критикуваше својот противкандидат Доналд Трамп за неговите пријателски врски со Владимир Путин, откако најлутиот противник на рускиот претседател Алексеј Навални почина во казнена колонија. „Доналд Трамп продолжува да застанува на страната на Владимир Путин – човек кој ги убива своите политички противници, ги држи американските новинари како заложници и …

Continue Reading

Пред суд во Германија се појави мажот осомничен за исчезнувањето на 3-годишната Медлин МекКен

Кристијан Брукнер, главниот осомничен за исчезнувањето на британското девојче Медлин МекКен, се појави пред судот во Германија под обвинение за сексуален напад и силување во одделни случаи, пишува Гардијан. 47-годишникот се појави пред судот во Брауншвајг со голем медиумски и јавен интерес. Почетокот на судењето, со зголемено обезбедување, беше одложен поради големиот број луѓе кои се обидуваа да влезат во …

Continue Reading

Алијансата за Албанците ги поништи одлуките од „нелегитимниот состанок на 10 февруари“ и ја усвои кандидатурата на Таравари

На четвртиот вонреден конгрес на Алијансата за Албанците одржан денеска во Скопје, делегатите едногласно донесоа неколку одлуки, извести партијата преку писмено соопштение. „Се усвои кандидатурата за претседател на државата на претседателот на партијата Арбен Таравари, како предлог на Претседателството на Алијансата за Албанците, поддржано од Европското движење за промени, во рамките на претседателските избори од 24 април и 8 мај …

Continue Reading

Двајца малолетници обвинети за смртоносното пукање на парадата на Супербол

Двајца тинејџери се обвинети за пукање на победничката парада на Супербол во Канзас Сити, при што едно лице беше убиено, а 22 беа ранети, јавува Би-би-си. Двајца осомничени, и двајцата помлади од 18 години, се приведени под обвинение дека биле вооружени и дале отпор при апсењето, се наведува во судското соопштение. Полицијата претходно соопшти дека пукањето било резултат на расправија …

Continue Reading

Бајден: Рускиот претседател е виновен за смртта на Навални; Трудо: Ова е потсетник за тоа какво чудовиште е Путин

Светските лидери во петокот го изразија своето жалење за смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални во затвор, а некои од нив, како американскиот претседател Џо Бајден или канадскиот премиер Џастин Трудо, директно го повикаа рускиот лидер Владимир Путин за неговата смрт. „Не знаеме што точно се случи, но нема сомнеж дека смртта на Навални е резултат на нешто што …

Continue Reading

(Видео) Огромен протест против Орбан во Будимпешта

Десетици илјади Унгарци излегоа денеска на улиците на Будимпешта за да протестираат против прикривањето на сексуалната злоупотреба што доведе до оставка на претседателката Каталин Новак од партијата Фидес по бесот на јавноста. Премиерот Виктор Орбан и неговата конзервативна партија Фидес, на власт од 2010 година, се обидуваат да го ублажат скандалот што избувна минатата недела, кој веќе доведе до оставка …

Continue Reading

Лекарите се обиделе да го спасат Навални, го реанимирале повеќе од 30 минути, соопшти локалната болница

Руските лекари повеќе од 30 минути се обидувале да го реанимираат Алексеј Навални, рускиот опозициски лидер кој денеска почина во затвор, соопшти локалната болница, а пренесе Интерфакс. „Лекарите кои пристигнаа на местото на настанот ја продолжија реанимацијата која веќе ја извршија затворските лекари. Тие ја вршеа повеќе од 30 минути. Сепак, пациентот почина“, соопштија од јавната болница во градот Лабитнанги, …

Continue Reading

(Видео) Тошковски: Решението е едно и многу лесно, 61 пратеник да стиснат копче со што ќе го изменат Законот за патни исправи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при посетата на СВР Велес кажа дека и таму има проблем кога станува збор за вадење на нова патна исправа. „За жал и тука не ми се допаѓа состојбата и тука премногу чекаат луѓето. Не е како во Скопје, но и овде не е сјајно. Ќе биде ставена во функција уште една просторија за …

Continue Reading

Мицкоски: Ќе следи сериозно реконструирање на владиниот кабинет

Сериозно реконструирање на владиниот кабинет, со спојување и раздвојување на ресори, без министри без ресори, за да идниот владиниот кабинет биде оперативен и сериозно да одговори на потребите на новото време, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на отворањето на тридневната обука за пратеници и членови на ВМРО-ДПМНЕ посветена на Зајакнување на капацитетите на пратениците, Успешни стратегии и предизвици, организирана …

Continue Reading