Србија да не го условува своето членство во Европската унија со прашањето за Приштина, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто и посочи дека Будимпешта се противи на европските санкции против претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Во интервју за Хина Сијарто изјави дека Русија не е закана за ниту една членка на НАТО.
Шефот на унгарската дипломатија вчера беше во Петриња, каде го отвори новото основно училиште, изградено по разорниот земјотрес што го погоди овој хрватски град на крајот на 2020 година, за чија изградба Унгарија донираше речиси 22 милиони евра.